Ковид-19 се рашири на уште еден тениски турнир организиран од српски тенисер

Егзибициското тениско првенство на Источна Европа е под закана да биде прекинато откако двоцифрен број на учесници се позитивни на ковид-19. Овој турнир се одржува во населбата Звездара во Белград под организација на пензионираниот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, и по сите изгледи нема да се доигра поради ширење на корона-вирусот.

Ова е втор турнир организиран од српски тенисер, по Адрија турнејата на Новак Ѓоковиќ, кој ќе мора да се откаже поради што е загрозен од опасниот вирус. Голем дел од учесниците на источноевропското првенство играле и на Адрија турнејата, па се претпоставува дека вирусот е пренесен токму од таму.

Турнирот почна на 15 јуни и мечеви се играа до четвртокот, сите наредни се откажани и најверојатно тука е крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести