Ковид прави хаос во Бундеслигата – Цел тим ќе оди во карантин, најавено е одложување на три меча

Мечот меѓу Мајнц и Херта што треба да се игра во недела од 18 часот веројатно ќе биде одложен откако во редовите на тимот од Берлин букна криза со пандемијата со ковид-19.

Тренерот Пал Дардаи, неговиот помошник Адмир Хамзагиќ и шпицот Доди Лукебакио од завчера се во самоизолација поради позитивни тестови на корона-вирус, а денеска Херта објави дека симптоми има и левиот бек Марвин Платенхард.

Тоа ќе значи дека веројатно целиот тим на Херта ќе мора во 14-дневен карантин за да се спречи ширењето на заразата, што би донело одлука за одложување на дуелите со Мајнц, Фрајбург и Шалке 04 во следните три кола во Бундеслигата.

Германското првенство е во финишот, треба да се доиграат уште шест кола и ќе се направи вистински хаос ако се потврди веста од Германија дека на Херта ќе ѝ бидат одложени три натпревари.

Бундеслигата во нормален тек треба да заврши на 22 мај. Германија ќе учествува на Европското првенство што е закажано во периодот од 11 јуни до 11 јули и какво било пролонгирање и нови термини на три натпревари што Херта би требало да ги одигра подоцна би биле проблематични.

 

- Оглас -

Најнови вести