Кожув по продолжение испадна повисок од Пелистер

Кожув го победи Пелистер со 82:79 во драматичен меч, што беше решен по петминутно продолжение. Пековиќ со две прецизни слободни фрлања ја потврди победата на гостите од Гевгелија, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 73:73.

Токму Пековиќ и Штерјов со по 19 поени беа најефикасни кај гостите, а Харис со 27 поени беше најефикасен и кај Пелистер и на мечот.

Во вториот меч вечерва од 18 часот Фени го декласира Вардар со 99:78. Фандербург со 23 поени беше лидер кај домаќините, а најефикасен на мечот беше вардарецот Провел со 26 поени.

- Оглас -

Најнови вести