Кожув сепак, не е дораснат за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со убедлив триумф над Кожув со конечни ја запиша првата победа во Суперлигата. Избраниците на Ѓорѓи Кочов се опоравија од елиминацијата во финалето од АБА2 лигата, па гневот го истурија врз гевгелискиот состав. „Шрковите“ докажаа дека тирумфот на Кожув пред повеќе од еден месец во СЦ „Јане Сандански“ беше сосема случаен.

Мечот се одлучи во третата четвртина, која МЗТ ја освои со 31-15 откако силите беа израмнети во првото полувреме. Домаќините до крајот се обидуваа да се вратат во игра, но екипата од Аеродром не дозволи сензација.

Иванов со 25 поени се истакна како најефикасен од редовите на МЗТ, Вудард додаде 17 поени, Стојановски застана на 13 поени. Вилијамс со 22 поени беше најрасположениот играч на Кожув.

- Оглас -

Најнови вести