Крадец направил голема грешка, влегол во дом на ултимејт фајт борец!

Некогашниот предизвикувач за УФЦ титулата во полутешка категорија, Ентони Смит, пред некоја вечер имал голема непријатност, кај него дома среде ноќ влегол крадец. Смит прво се плашел бидејќи мислел дека крадецот има оружје, а потоа набрзина го претепал жилавиот противник, кој не се предавал лесно.

„Не знаев дали има оружје. Очекував да се застрела или прободе со нож. Сфатив дека немам многу време и не дозволив да ми се случи нешто лошо. Тој го прими секој удар со колено, со лакт. И по тие тие удари, продолжи да се бори со мене како да не сум го удрил ниту еднаш. Ова ми беше една од најтешките борби во животот, влегов во тепачката спремен и да умрам. Никој не провалува во куќа среде ноќ без да носи оружје“, објаснува Смит.

Полицијата дошла за пет минути и го уапсила натрапникот кој е идентификуван како Лук Хаберман. Во моментот кога крадецот влегол во куќата на Смит, таму биле и неговата сопруга, трите ќерки и мајката на жена му.

- Оглас -

Најнови вести