Крадци ја „олесниле“ италијанската ѕвезда за три милиони евра

Марко Верати од одморот на Ибица ќе се врати посиромашен за три милиони евра откако крадци упаднале во вилата каде што престојувал и оперирале.

Според италијанските медиуми, ѕвездата на Аѕурите и ПСЖ престојувала во вилата на Роналдо Назарио, бразилската легенда и сопственик на Валјадолид. Украдени се накит и кеш во вредност од три милиони евра.

За среќа, за време на кражбата во вилата немало никој, па Верати и неговите блиски избегнале поголеми проблеми. Случајот во меѓувреме е пријавен во локалната полиција и истрагата е во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести