Крај на една ера: Обрадовиќ и Фенербахче се разделија

Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче откако двете страни се согласија да ја прекинат соработката. Најтрофејниот стратег во историјата на европската кошарка ќе паузира една година пред да се врати во тренерската работа.

Со тоа завршува една ера по седум години соработка, а клубот во најскоро време треба да најде замена за Обрадовиќ. Српскиот тренер застана на клупата на турскиот гигант во 2013 година и ѝ донесе огромен успех на екипата со освојување бројни трофеи, меѓу кои четири се титули во турското првенство, а, секако, најмногу се памети освојувањето на првата европска титула во 2017 година.

Обрадовиќ на ваков потег се одлучи и во 2012 година, кога го напушти Панатинаикос по цели 13 години, пред да се пресели во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести