Крај на една трофејна ера: Агуеро дефинитивно си заминува од Сити!

Серхио Агуеро на крајот од сезонава и дефинитивно ќе си замине од Манчестер сити. Договорот на Аргентинецот истекува за неколку месеци, а продолжување на соработката нема да има и со тоа ќе дојде крај на една од најтрофејните ери во светскиот фудбал.

Аргентинскито голгетер дојде во Сити во 2011 година и успеа да освои куп трофеи. Четири пати беше првак на Англија, пет пати го освојуваше Лига Купот, еднаш беше победник во ФА Купот и три пати се радуваше на Комјунити Шилд. Ако се знае дека Сити сезонава е во трка за четири трофеи, ризницата на пехари сигурно ќе се зголеми.

Во знак на благодарност, од Сити најавија дека подготвуваат статуа за Агуеро пред стадионот. Во дресот на Сити, Агуеро одигра 384 меча, во кои постигна 257 голови. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Сити, а за тоа колку е значаен неговиот придонес во Премиер лигата покажува и фактот дека тој има дадено исто хет-трика, колку што заедно имаат постигнато Роналдо, Кантона, Беркамп, Стариџ, Клинсман, Вијали, Саха, Бејл, Фирмино, Ето, Колимур и Жиру.

 

- Оглас -

Најнови вести