Крај на кошмарот: Озил го напушта Арсенал!

Месут Озил наводно е во преговори со американскиот клуб Ди-Си јунајтед и би можел да го оствари трансферот во јануарскиот преоден рок.

Одредени англиски медиуми тврдат дека Озил добил доста примамлива понуда со која би можел да го популаризира својот бренд  „М10“ во САД и воедно да биде заштитно лице на клубот од Вашингтон.

Со преселбата во МЛС лигата, за Озил ќе заврши кошмарот кој го живее во Арсенал и по подолго време повторно ќе може да ужива играјќи фудбал, а нема сомнежи дека би бил најголемата фудбалска ѕвезда преку Барата.

Поранешниот германски репрезентативец така ќе заигра за клубот чиј член претходно беше Вејн Руни, кој сега е тренер-играч на Дерби каунти.

- Оглас -

Најнови вести