Крај на маките: Челзи и Интер се договорија околу Лукаку

Сагата околу Ромелу Лукау доби среќен крај по постигнатиот договор меѓу Челзи и Интер. Трите страни го добија тоа што го посакуваа, па камбекот на Белгиецот на „Џузепе Меаца“ е речиси гарантиран.

Се работи за позајмица од една година, за која Интер ќе плати 10 милиони евра, а уште пет ќе се исплатат во одредени бонуси. Иако Сините бараа откупна клаузула од 45 милиони евра, но наместо пари, италијанскиот вицешампион за возврат ќе го трампа десниот бек Дензел Думфрис.

Ова би значело дека Интер за двојно помалку ќе го врати белгискиот голгетер во своите редови само по една година откако го продаде за 110 милиони евра, што беше клупски рекорд на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести