Крај на шампионските амбиции: Ѕвездата на Денвер ги скина лигаментите на коленото

Денвер нагетс ја потврди тешката повреда на Џамал Мареј, втората ѕвезда на екипата, со која се здоби ноќеска во поразот од Голден стејт. Одличниот бек ги скина вкрстените лигаменти на коленото од левата нога, па за ваква повреда се паузира доста долг период.

Рехабилитацијата може да трае до шест месеци, можеби и повеќе, а без Мареј, Денвер тешко дека ќе може да си ги исполни амбициите и конечно да стигне до титулата во НБА-лигата.

Мареј ја играше најдобрата сезона во неговата кариера со просек од 21,2 поени и 4,8 aсистенции по натпревар, со што придонесе за Нагетси да го држат четвртото место на Западот.

- Оглас -

Најнови вести