Крај за една од најдобрите генерации што ги имала Белгија

Најдобрата европска репрезентација според ранг-листата на ФИФА не влезе ниту во осминафиналето на Светското првенство во Катар и овој дебакл ќе донесе многу промени кај Црвените ѓаволи во наредниот период.

Тука е крајот на таканареченета „златна генерација“, која не освои злато на големите натпреварувања, а треба да се очекува Белгија да добие и нов селектор. Роберто Мартинес од 2016 наваму имаше чест да води тим со ѕвезди како Де Бројне, браќата Азар, Лукаку, Куртоа, Мертенс, Фелаини, Вертонген, Алдервејрелд, но не стори ништо.

Третото место на СП во Русија ќе биде нивниот најголем успех. Повеќе играчи од белгискиот состав имаат над 30 години и јасно е дека мора да дојде до смена на генерациите. Кавгите во соблекувалната и лошата атмосфера за малку ќе беа покриени ако ја победеа Хрватска и ако Ромелу Лукаку дадеше гол од една од неколкуте убави шанси.

- Оглас -

Најнови вести