Кралевите се кренаа како Феникс, прво Родриго ги спаси од пораз, а потоа дадоа два гола во продолженијата за победа над Атлетико во Кралскиот куп (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид се последни полуфиналисти во шпанскиот Кралски куп откако со 3:1 по продолженијата го совладаа Атлетико Мадрид во дербито „Мадрилено“.

Кралевите беа на работ на пораз. Во првото полувреме поранешниот играч на Реал, Алваро Мората, во 19-та минута го отвори резултатот, додека домаќините не направија ниту една шанса.

Овој резултат беше активен сè до 11 минути до крајот на мечот, кога Родриго, кој во 69-тата минута влезе во игра на местото на Федерико Валверде, го израмни резултатот по одличната соло-акција во која помина покрај четворица играчи на Атлетико.

За работите да бидат полоши за играчите на Атлетико Мадрид, дефанзивецот на Атлетико, Стефан Савиќ, во 99-тата минута доби црвен картон. Казната ги стигна Јорганџиите во претпоследната минута од првото продолжение, кога погоди Карим Бензема за 2:1.

Точка на натпреварот стави Винисиус жуниор, кој во 120-тата минута го постави конечниот резултат.

https://twitter.com/i/status/1618739987633278976

Покрај Реал Мадрид, во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп се наоѓаат уште Барселона, Атлетик Билбао и Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести