Кралевите трета година по ред се највреден фудбалски клуб на светот, но опасно им се приближи премиерлигаш кој нема да игра во ЛШ

Реал Мадрид трета година по ред е највреден фудбалски клуб на светот според магазинот „Форбс“.

Кралевите се проценети на 6,6 милијарди долари, а интересно е што втор најведен тим е екипа која идната година нема да игра во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед. Вредноста на Црвените ѓаволи се зголеми поради влегувањето на сер Џим Ретклиф во сопственичките структури.

„Кога сер Џим Ретклиф, милијардер и основач на хемиската групација Инеос купи 27,7 отсто од акциите на Манчестер јунајтед за 6,5 милијарди долари, тоа беше најголемата сума која некогаш била платена за спортски тим во кој купувачот доби и оперативни права. „Форбс“ проценува дека славниот англиски клуб вреди 500 милиони долари повеќе во однос на минатата година, односно на 6,55 милијарди долари, веднаш зад Реал Мадрид кој со 6,6 милијарди долари, трета година по ред е највредна екипа на светот“, пишува „Форбс“.

Според „Форбс“ 12 од 30-те највредни фудбалски екипи се од Премиер лигата, а голема причина за тоа има и поради ТВ правата.

„Премиер лигата која во декември минатата година потпиша нов договор за ТВ правата до 2029 година за просечно по 2,1 милијарди долари по сезона, ќе заработува повеќе од двојно од било која друга фудбалска лига“, пишува реномираниот економски магазин.

По Реал Мадрид (6,6 милијарди долари) и Манчестер јунајтед (6,55 милијарди), на листата на највредни фудбалски екипи се наоѓаат и Барселона (5,6 милијарди), Ливерпул (5,37 миијарди), Манчестер сити (5,1 милијарди), Баерн Минхен (5 милијарди), ПСЖ (4,4 милијарди), Тотенхем (3,2 миијарди), Челси (3,1 милијарди), Арсенал (2,6 милијарди).

- Оглас -

Најнови вести