Кралот Џејмс не игра, но Американците пак имаат дрим-тим

Американците повторно имаат дрим-тим за Летните олимписки игри иако имаше и откази и во Токио нема да настапат Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Ентони Дејвис, сите олстар-ѕвезди кои го откажаа учеството.

Супер вест за САД најпрво беше потврдата на Кевин Дурант дека сигурно ќе игра за својата репрезентација во Токио, а вечерва е објавено дека во составот ќе бидат и Крис Мидлтон од Милвоки бакс, Кевин Лав од Кливленд кавалирс и Крис Пол од Феникс.

Интересно е што Пол и Мидлтон сè уште играат во плејофот во НБА-лигата, но не го откажаа учеството на ЛОИ во Јапонија.

Со нив во новиот дрим-тим на Американците се и: Џејмс Харден, Бем Адебајо, Кевин Букер, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Демиен Лилард и Дрејмонд Грин.

Засега сигурни се овие 11-мина кошаркари од НБА-лигата, а се очекува селекторот Грег Попович да се комплетира и да го почне кошаркарскиот турнир во Токио на ЛОИ како апсолутен фаворит за златниот медал.

 

- Оглас -

Најнови вести