Кралот Џејмс се врати и Келтите во Бостон го поздравија со магично шоу (Видео)

Леброн Џејмс играше за првпат по три седмици пауза, но ниту неговиот кам-бек не им помогна на Лос Анџелес лејкерс да ја сопрат серијата порази.

На гостувањето кај вечниот ривал Бостонс селтикс, Езерџиите минаа катастрофално со пораз од 130:108.

Двете екипи се најтрофејни во НБА лигата со по 17 титули.

Кам-бекот на Кралот на кошарката како што го нарекуваат Џејмс го засени Џејсон Тејтум, кој одигра брилијантно со 37 поени и 11 скока.

Целата екипа на Бостон беше извонредна, а домаќините постигнуваа најмалку по 30 поени во сите четири четвртини.

Леброн го заврши мечот со 23 поени,а пред него е Ентони Дејвис со 31 поен.

Потфрли еден од најскапите играчи во НБА лигата, Расел Вестбрук, кој има годишна плата од над 44 милиони долари, откако сезонава дојде кај Лејкерси. Постигна само 12 поени во деветтиот пораз сезонава.

Двата големи кандидати за титулата, Голден стејт вориорс и Бруклин нетс победија и без најголемите ѕвезди во тимот, Стефон Кари и Кевин Дурант.

Воините славеа победа против Детроит пистонс со 105:102 без Кари во составот, а Бруклин приреди подвиг без Дурант и анулира негатива од 19 поени за победа од 115:113 против Орландо меџик.

Резултати: Бостон – Л.А. лејкерс 130:108, Детроит – Голден стејт 102:105, Бруклин – Орландо 115:113, Шарлот – Индијана 121:118, Милвоки – Оклахома 96:89, Њу Орлеанс – Л.А. клиперс 94:81, Денвер – Чикаго 108:114, Феникс – Далас 112:104, Сакраменто – Торонто 89:104.

 

- Оглас -

Најнови вести