Кралот на стрелците на Реал Мадрид е фантастичен, играше вака само уште кај Специјалниот (Фото)

Карим Бензема игра врвен фудбал, немилосрдно ги тресе мрежите на сите фронтови и веќе стигна до 32-риот гол сезонава, со што си го израмни личниот рекорд од пред 10 години.

Вечерва со два гола против Мајорка беше главен творец на победата на Реал Мадрид од 3:0, со што Кралскиот клуб стигна до двоцифрена предност во Ла Лига во однос на второпласираната Севилја.

Новата титула во Шпанија им се насмевнува и на Кралевите и на Бензема, како најдобар стрелец во првенството.

Карим е убедливо на врвот на листата на стрелците со 22 гола, а притоа има и 11 асистенции, со што е водечки во двете категории.

Бензема постигна уште 10 погодоци сезонава на останатите фудбалски фронтови, што му е најдобар биланс во кариерата или еднаков на тој во сезоната 2011/12.

Тогаш тренер на Реал беше Жозе Мурињо, а Бензема даде точно 32 гола, но сега има уште многу натпревари пред себе за да си го подобри личниот рекорд.

Во Ла Лига има уште 10 кола до крај, а Реал игра и во Лигата на шампионите, каде што веќе е во четвртфаиналето, па јасно е дека Бензема ја игра најдобрата и најефикасната сезона во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести