Кралот знае да си го чува домот – Макаби пак беше немоќен и загуби со 29 разлика од Реал (Видео)

Реал Мадрид успешно ја сочува предноста на домашен терен и води со 2:0 во победи против Макаби Тел Авив, по триумфот вечерва со 95:66.

Двоцифрена беше разликата и на првиот мечво Мадрид, кога Реал победи со 84:74, па најтрофејниот европски клуб со 10 титули е на само една победа до пласман на фајналфор турнирот во Белград.

Иконата на Реал, Серхио Љуљ беше извонреден со 17 поени и пет погодени тројки од 9 обиди, а домаќините во еден момент на почетокот на последната четвртина водеа и со 29 поени разлика, колку што беше и на крајот на мечот.

Венсан Поарие и Гершон Јабуселе постигнаа по 16 поени, а интересно е што кај Макаби немаше ниту еден кошаркар со своцифрен број на поени.

Реал единствен во последната плејоф фаза за настап на фајналфор турнирот има предност од 2:0 и ќе ги игра следните два меча во Тел Авив.

Во сериите што ги играат Барселона и Баерн, Милано и Ефес и Олимпијакос и Монако резултатот е 1:1, а следните два меча ќе се играат во Минхен, Истанбул и Монако.

Победниците во максимум пет меча, односно до три победи ќе играат на фајналфор турнирот во Белград за титулата европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести