Кралска легенда: Бензема го надмина рекордот на Роберто Карлос

Карим Бензема во победата над Атлетико Мадрид вчера во градското дерби забележа 528 настапи во белито дрес, по што стана странски фудбалер на Реал со најмногу настапи во клупската историја.

Францускиот ас го надмина рекордот на Роберто Карлос од 527 настапи, уште еднаш го стави своето име во историските книги на 13-кратниот европски првак.

Од 2009 година кога се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, Бензема до сега во 528 меча забележа 257 погодоци и 138 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести