Кралски нокаут за Реал – Одегард се одмазди за позајмиците, Сосиедад ќе игра полуфинале во Копа дел Реј (Видео)

Реал Сосиедад блескаше вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ и го нокаутира кралскиот клуб Реал Мадрид со 4:3 за пласман во полуфиналето на шпанскиот куп.

Вистинска одмазда на најтрофејните во Европа им приреди Мартин Одегард, кој сè уште е играч на Реал Мадрид на позајмица во Реал Сосиедад.

Тој го даде првиот гол за гостите од Сан Себастијан, а потоа следуваше класичен нокаут за Реал Мадрид. Александер Исак со два гола за две минути зголеми на 3:0 за гостите, а потоа Марсело намали на 1:3 за надеж на Реал Мадрид.

https://twitter.com/FootyFervor/status/1225487285841518600?s=20

Сепак, гостите беа многу подобри во претпоследното четвртфинале во Копа дел Реј, а Мерино во 69-тата минута зголеми на 1:4 и пласманот на Реал Сосиедад во полуфиналето беше извесен.

https://twitter.com/SimplySoccer99/status/1225504678932250624?s=20

Родриго и Начо во последните десеттина минути со по еден погодок успеа само да го ублажи поразот на Реал Мадрид и тоа беше сè што стори фаворитот.

https://twitter.com/SimplySoccer99/status/1225507910895185926?s=20

Во последното четвртфинале од 21 часот ќе играат Атлетик Билбао и Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести