Кратко му траеше потргата по нова работа: Риверс ја презема Филаделфија

Док Риверс брзо најде нов ангажман, ќе ја води екипата на Филаделфија севентисиксерс. Американските медиуми потврдија дека двете страни се согласија на петгодишна соработка.

Риверс пред неколку дена доби отказ во ЛА клиперс по седум сезони, откако неговата екипа беше елиминирана во втората рунда од плејфот, пропуштајќи предност од 3-1 против Денвер нагетс.

Филаделфија ќе биде четврти тим во тренерската кариера на Риверс, која ја почна во Орландо меџик, додека со Бостон селтикс го има освоено единстениот шампионски прстен во 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести