Кратко траеше радоста на Динамо во Лондон, Мбапе втор најбрз до 40-ка во ЛШ

Динамо Загреб само по 7 минути игра, поведе на гостувањето во Лондон кај Челзи, тоа е трет најбрз примен гол за Челзи на „Стемфорд бриџ“ и барем на кратко беше на позиција која води во Лигата на Европа, но Сините преку Стерлинг израмнија во 18-тата минута, а Закарија направи пресврт, па сега е 2-1.

На другиот меч од групата, Милан со гол на Жиру води против Салцбург со 1-0 и тоа е резултат кој ги води Росонерите во осминафинале.

Килијан Мбапе му донесе водство на ПСЖ на гостувањето кај Јувентус. За Мбапе тоа е 40-ти гол во ЛШ, а ова му е 59-ти меч во елитното натпреварување. Побрзо од него до 40-ка стигнал само Руд Ван Нистелрој, кому му требаа само 45 меча.

Изненадување претставува водството на Севилја кај Манчестер сити од 1-0.

- Оглас -

Најнови вести