Краткорочен договор за капитенот на Сити

Капитенот на Манчестер сити, Давид Силва, ќе потпише краткорочен договор со клубот за да може да ја доигра прекинатата сезона во Премиер лигата и Лигата на шампионите. По 10 години, Силва првично требаше да го напушти „Етихад“ на 30 јуни, поточно кога му завршува договорот, но со оглед на ситуацијата со корона-вирусот се најде решение да се продолжи договорот со него за да може да го дочека финишот на сезоната како член на Граѓаните.

Воедно, тоа ќе му биде последна шанса да си го оствари сонот, а тоа е да го освои пехарот во Лигата на шампионите, кој му недостасува во неговата колекција. Силва со Сити се закити со бројни одличја и дури четири титули во Премиер лигата, меѓутоа недостасува трофејот со големите уши.

Пред прекинот на сезоната, Сити во осминафиналето се сретна со Реал Мадрид и ја доби првата битка на „Бернабеу“ со 2-1, а реваншот најверојатно ќе се одигра во август, за кога е планирано меѓународните шампионати да продолжат со натпреваруавње.

- Оглас -

Најнови вести