Крауч: Ако имаше ВАР кога јас играв, ќе ми поништеа барем 50 голови поради долгите раце

Критики на адреса на ВАР системот во Англија има постојано, но судиите не отстапуваат, па често сме сведоци на неверојатно чудни одлуки. Најспорни ситуации има околу тоа дали е офсајд позиција или не.

Некогашниот англиски репрезентативец Питер Крауч е еден од оние кои не е многу воодушевен како функционира ВАР системот. Крауч на шеговит начин се реши да ја објасни слабоста која ја има видео технологијата, кога се работи за проценката на офсајд позициите.

„Ако ВАР системот постоеше јас кога играв, тогаш поради моите долги раце ќе можеа да ми поништат барем 50-тина голови“, вели Крауч, кој најдобриот дел од кариерата го помина во дресот на Ливерпул, а ги носеше дресовите и на Портсмут, Астон вила, Тотенхем, Саутемптон, Стоук, Квинс Парк Ренџерс и Барнли.

Крауч во кариерата даде преку 200 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести