Крауч претставен во Барнли на необичен начин (Видео)

Барнли го претстави својот нов играч Питер Крауч на необичен начин, со едно специјално видео. Ветеранот, кој вчера наполни 38 години, денеска од Стоук се пресели во Барнли, каде што ќе игра како позајмен до крај на сезоната во Премиер лигата.

Во Барнли, некогашниот англиски репрезентативец дојде како дел од пакетот со кој Сем Вокс замина во спротивен правец, од Барнли во Стоук. Освен Крауч, Барнли доби и пари, а вредноста на трансферот е околу 9 милиони фунти.

Крауч во кариерата ги бранел боите на Тотенхем, Дулвич Хамлет, ИФК Хаслхолм, КПР, Портсмут, Астон вила, Норвич, Саутхемптон, Ливерпул и Стоук, а сега дојде редот да стане член и на Барнли.

Погледнете како Барнли го најави своето двометарско засилување во нападот:

https://twitter.com/i/status/1091048506528288773

- Оглас -

Најнови вести