Креспо на клупата на Банфилд дебитираше со победа

Ернан Креспо кој непосредно пред нова година беше наименуван за тренер на Банфилд, како наследник на хрватскиот Аргентинец Дарио Цвитаниќ, веќе го имаше дебито на клупата на својот нов клуб и извојува победа. Мечот на Банфилд со Лаферере беше од пријателски карактер, а Банфилд триумфираше со 2:0. Двата гола ги постигна Агустин Фонтана.

„Среќен сум што повторно е работам како тренер. Се надевам дека ќе успееме да создадеме свој карактеристичен стил на игра, со добра контрола на топката и играње на противничката половина“ – изјави Креспо после мечот.

Наредниот контролен меч за Банфилд ќе биде во среда со Браун де Адроге, а на 19 јануари против Аргентинос јуниорс.

Креспо беше успешен фудбалер, играше за Ривер плејт, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан, Џенова, за аргентинската репрезентација даде 35 гола на 64 настапи, а сега се испробува и во тренерската работа. Тој во сезоната 2015/2016 ја водеше Модена.

- Оглас -

Најнови вести