Креспо после 24 години се врати на „Монументал“ и на Ривер му „скина“ два бода

Навивачите на Ривер плејт кои ги исполнија стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, со овации го поздравија Ернан Креспо, легендата на аргентинскиот фудбал и актуелен тренер на Дефенса и Хустисија. Дефенса извлече 1-1 на ова тешко гостување, но Ривер и покрај киксот остана лидер на табелата во аргентинското првенство.

Креспо емотивно го дочека својот камбек на стадионот на кој се прослави и ги ширеше и собираше рацете како да сака да ги прегрне сите гледачи кои го скандираа неговото име.

„Прекрасно беше. Но, овие овации не беа за 44-годишен маж, туку за малиот Ернан, Валданито, кој со 20 години играше храбро за Ривер во еден многу важен момент за клубот“ – изјави легендата кој со актелниот тренер на Ривер, Марсело Галјардо, имаат настапувано заедно за Ривер и за аргентинскиот национален тим.

Креспо во јуни 1996 година, кога беше 20-годишен, со два гола му донесе триумф на Ривер во финалето на Копа Либертадорес против Америка Кали, и тоа се два незаборавни голови за клубот.

- Оглас -

Најнови вести