Крик од кој ќе се наежите, тешка повреда на играч на Стандард Лиеж (Вознемирувачко видео)

На денешниот меч од белгиското првенство помеѓу Стандард Лиеж и Остенде, домашните победија со 1-0 со гол во 86-тата минута, но мечот мина во знакот на непријатната случка во првото полувреме. Играчот Зињо Ванхојдсенсе здоби со повреда за која лекарите се сомневаат дека е кинење на предните вкрстени лигаменти. Иако има само 21 година, овој играч во минатото веќе имаше ваква повреда.

Зињо се повреди во дуел со противнички играч, а играњето без публика придонесе да се слушнат болните крици на фудбалерот по повредата. Сите беа преплашени.

Предупредуваме за вознемирувачка содржина:

- Оглас -

Најнови вести