Кристал палас можел да го купи Ван Дајк за 5 милиони, но одбиле, им бил многу бавен!

Некогашниот менаџер на Кристал палас, Нил Ворнок, изјави дека овој англиски клуб своевремено бил против ангажирањето на Вирџил ван Дајк, иако можеле да го купат многу евтино.

Палас можел да го купи Ван Дајк само за 5 милиони фунти, но се откажале бидејќи главниот скаут сметал дека Холанѓанецот е многу бавен за да игра во тимот на Ворнок. Ова се случило во 2015 година, кога Ван Дајк реши да си замине од Селтик. Тоа лето не премина во Палас, туку во Саутхемптон, кому не му беше бавен, па неколку години подоцна го продадоа на Ливерпул за огромна сума пари.

Сега Ван Дајк е еден од најдобрите и најценети дефанзивци на светот.

- Оглас -

Најнови вести