Кристал палас се засили со напаѓач од Евертон

Напаѓачот на Евертон Ченк Тосун, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Кристал палас. Турскиот репрезентативец пристигна како позајмен играч на „Селхарст парк“, а доколку клубот се задоволи од неговиот придонес, ќе го откупи неговиот договор за сума од 17 милиони фунти.

Тосун беше желба на тренерот Рој Хоџсон и пред една година, откако Турчинот се покажа во добро светло во дресот на Бешикташ, но Карамелите ја добија трката за неговиот потпис и го купија за речиси 20 милиони фунти. Сепак, неговиот чекор се покажа како погрешен, па затоа ќе проба да си ја поврати формата во редовите на лондонскиот клуб.

Тосун запиша 51 настап за Евертон на кои постигна само девет гола, а Карло Анчелоти му даде дозвола за преселба бидејќи не смета на неговите услуги. Турчинот ќе може да дебитира утре во дуелот против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести