Кристал палас со пресврт до три бода против Волците

Фудбалерите на Кристал палас го совладаа Вулверхемптон со резултат 2:1 во натпревар од 12-тото коло на Премиер лигата.

Адама Траоре ги доведе гостите во водство во 31-вата минута и со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел, домаќините успеаја да направат пресврт, прво Еберечи Езе две минути по стартот на вториот дел израмни на 1:1, а победата на Кристал палас ја донесе Вилфред Заха во 70-тата минута.

Кристал палас се наоѓа на 10-тото место на табелата со 13 бодови, додека Вулверхемптон е 17-ти со девет бода.

Брајтон по одличниот старт на сезоната во Премиер лигата, влезе во лоша серија и четири натпревари е без триумф откако на домашен терен одигра само 0:0 со претпоследнопласираниот Нотингам форест.

- Оглас -

Најнови вести