Кристал палас во 94-та минута го замолкна „Етихад“, мечот меѓу Борнмут и Лутон нема да се доигра денеска (Видео)

На „Етихад“, Манчестер сити и Кристал палас во 17-то коло од Премиер лигата одиграа 2:2. Голот кој ги шокира навивачите и фудбалерите на Сити беше постигнат во 94-та минута од пенал го постигна Олис.

Сити со головите на Џек Грилиш и Рико Луис поведе со 2:0.

Но, гостите не се предадоа, и на крајот успеаја да извлечат реми.

Прво Жан-Филип Матета во 76-та минута намали на 2:1, а бодот го донесе Олис со голот од пенал во 94-та минута.

Денешните мечеви ги одбележа играчот на Лутон, Том Локјер кој колабира во второто полувреме.

Тој на дуелот против Борнмут, колабира на теренот, но според последните информации од Англија, тој е свесен, но Премиер лигата одлучи мечот да не се доигра денеска.

Њукасл со 3:0 го победи Фулам, а работата му беше олеснета по исклучувањето на Раул Хименез уште во првото полувреме. Луис Мајли, Мигел Алмирон и Дан Брн со головите во второто полувреме ја обезбедија победата на Њукасл.

Челси ја прекина серијата од два порази по ред откако со 2:0 на „Стемфорд бриџ“ го победи последнопласираниот тим на табелата, Шефилд јунајтед.

Сините двата гола ги постигнаа за само седум минути во вториот дел, прво Кол Палмер во 54-та минута го отвори резултатот, а во 61-та минута, во листата на стрелци се запиша и Николас Џексон.

- Оглас -

Најнови вести