Кристијано е прв стрелец во историјата на ЛШ, но според просекот, тој е „само“ трети

Интернет-сајтот GiveMeSport направи рангирање на најдобрите напаѓачи во историјата на Лигата на шампионите според односот на одиграни мечеви и постигнати голови. Познато е дека Португалецот Кристијано Роналдо е убедливо најдобар стрелец во историјата на најсилното клупско натпреварување на светот, но во тоа му помага и бројот на одиграни натпревари. Според просекот, тој е трети.

Најдобар просек има Лионел Меси. Суперѕвездата на Барселона во ЛШ одиграл 141 меч и постигнал 114 голови, што е просек од 0,81 гол по натпревар.

Второто место го држи екс напаѓачот на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој со 56 гола на 73 средби, што е 0,77 гола по меч. Кристијано, кој сега е во Јувентус, а најголемиот број голови ги даде за Реал, има просек од 0,76. Неговите бројки се 128 погодоци на 169 меча. Тој е активен играч и може неговиот просек да стане подобар или полош, во зависност од формата.

Во Топ 10 влегуваат и Роберт Левандовски (Баерн) со 64 гола на 86 меча (просек 0,74), Нејмар (ПСЖ) со 35/57 (0,61), Филипо Инѕаги (екс Јувентус и Милан) со 46/81 (0,57), Единсон Кавани (ПСЖ) со 35/62 (0,56), Серхио Агуеро (Манчестер сити) со 39/71 (0,55), Карим Бензема (Лион и Реал Мадрид) со 64/119 (0,54) и Раул (екс Реал) со 71/142 (0,5).

- Оглас -

Најнови вести