Кристијано и Георгина објавија дека чекаат близнаци!

Георгина Родригес и Кристијано Роналдо објавија дека повторно ќе станат родители. Партнерката на фудбалерот е бремена со близнаци, а Роналдо веќе има близнаци.

„Со задоволство соопштуваме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов и немаме трпение да се сретнеме со вас“, напишаа Георгина и Роналдо на социјалните мрежи објавувајќи слики од близнаците во утробата на Аргентинката која долго време живееше во Шпанија.

Роналдо веќе има четири деца, па откако Георгина ќе ги роди близнаците, тој ќе има шест деца, од кои три со Георгина, а другите три се од сурогат мајки.

- Оглас -

Најнови вести