Кристијано мора в недела да ја гледа Ф1 трката во Саудиска Арабија, тоа му стои во договорот!

Во претстојниот викенд на патеката во Џеда ќе се вози трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1, а ќе биде и Кристијано Роналдо, но не затоа што сака, туку затоа што мора.

Во договорот на Роналдо со неговиот клуб Ал-Наср од Ријад има клаузула дека Роналдо мора да биде присутен на Ф1 трката во Џеда и на тој начин дополнтелно да ја промовира државата Саудиска Арабија.

Роналдо и во 2019 година во Монте Карло посети трка од Формула 1 шампионатот, таму се сликаше со Луис Хамилтон, а потоа имаше и посета на фабриката на Ферари во Маранело, каде што се сретна со Шарл Леклер.

- Оглас -

Најнови вести