Кристијано на Луксембург му даде убав гол, ама не си ја оствари целта (Видео)

Португалија го победи Луксембург со 3-0, а Кристијано Роналдо даде „само“ еден гол, и не успеа пред домашната публика да стане шестиот фудбалер во историјата кој постигнал 700 голови на официјални натпревари. Сега напаѓачот на Јувентус има 699 гола (605 за клубови и 94 за националниот тим), а следната шанса да дојде до 700 гола ќе ја има на 14 октомври кога Португалците гостуваат во Украина.

Чешка со пресврт дојде до победа над Англија и сега е сигурна на второ место, намалувајќи ги шансите на Косово.

Украинците со 2-0 ја победија Литванија и за зацврсти на чело на табелата во групата. Турците со 1-0 ја совладаа Албанија, во 101-виот меч на Емре Белозоглу во дресот на Турција кој го носи веќе 19 години. Иако стотката ја имаше во претходниот меч, Емре денеска доби подарок.

а.

Ова е убавиот лоб на Роналдо:

https://www.youtube.com/watch?v=LO4PwvNCtzQ

 

- Оглас -

Најнови вести