Кристијано откри кој спорт најчесто го гледа на телевизија, не е фудбал

Кристијано Роналдо во една интервју откри дека на телевизија не гледа фудбал толку многу како некои други спортови. За гледање на ТВ, тој ужива во боречки спортови.

„Играњето фудбал е моја пасија, но на телевизија преферирам да гледам некои други спортови. Меѓу гледање фудбал, бокс или ултимејт фајт, јас би избрал бокс или УФЦ“, изјави Португалецот, кој вчера се најде на листата од 11 најдобри фудбалери во историјата.

Кристијано се има дружено и фотографирано со некои од ѕвездите на УФЦ, како Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекрегор, а лани преку интернет разговараше со боксерскиот првак во тешка категорија Ентони Џошуа.

„Кога бев во Манчестер јунајтед, боксував со тренер. Тренирањето бокс е корисно за фудбалерите бидејќи учите како да се движите и ви се заоструваат сетилата“, додава 35-годишната суперѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести