Кристијано Роналдо денеска полни 36 години, пред него се нови рекорди

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо денеска го прославува својот 36-ти роденден, првиот натпревар како 36-годишник напаѓачот на Јувентус ќе го игра задутре против Рома.

Од УЕФА потсетија дека Роналдо има шанса да влезе во историјата како рекордер во Лигата на шампионите во уште една статистичка категорија. Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ може да стане и најефикасен играч по бројот на голови како 36-годишен или постар. Актуелниот рекорд е 4. По четири гола како 36-годишни или постари во ЛШ давале Павел Хорват, Филипо Инѕаги, Рајнер Рауфман.

Според формата во која се наоѓа Кристијано, а и ако Јувентус стигне далеку во елитното натпреварување, тој може уште сезонава да ги надмине тројцата, па да стане и највозрасниот играч кој по 36-тиот роденден дал барем пет гола во ЛШ. Роналдо со шест гола како 35-годишен стана рекордер меѓу стрелците кои се 35+.

Овие бројки се однесуваат само на ЛШ по новиот формат по кој се игра од 1992 наваму. Ако се смета и Купот на европските шампиони, тогаш најдобри стрелци ветерани се легендите на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано и Ференц Пушкаш.

Ди Стефано има 13 гола откако наполнил 35 години, а шест дал по 36-тиот роденден. Пушкаш како 35-годишен дал 17 гола на 18 меча и дури 13 по наполнети 36 години.

Со оглед на вниманието кое го обраќа на својата физичката подготвеност и начинот на живот, Роналдо веројатно може да игра уште неколку години на високо ниво, па може да ги престигне и рекордите за најдобар стрелец во историјата по број на голови за репрезентација (му фалат 7 голови за да се изедначи со Али Даеи) и оние наводни 804 погодоци на официјални мечеви на Јозеф Бичан кои ФИФА ги смета за светски рекорд.
- Оглас -

Најнови вести