Кристијано Роналдо е вистински фанатик, на тренинг дошол дури четири часа порано

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, на вчерашниот тимски тренинг пристигнал дури четири часа пред терминот за почеток на сесијата во тренинг-центарот Континаса. Португалецот, кој има 35 години и веќе е во редот на ветераните, е ненаситен од фудбал и постојано напорно тренира инвидуално покрај оние групни тренинзи со клупските колеги.

Роналдо за време на карантинот работеше на одржување на физичката форма, па подготвен е за продолжување на сезоната во Серија А и Лигата на шампионите, но првиот меч ќе му биде против Милан во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести