Кристијано Роналдо е во изолација, и тоа каква, ужива на базен со поглед на океан (Фото)

Италијанскиот првак Јувентус е еден од најпогодените клубови со Коронавирусот. По објавата дека Даниеле Ругани е заболен од опасниот вирус, синоќа беше откриено дека од Коронавирусот е заболен и аргентинската ѕвезда Пауло Дибала.

По објавата дека Ругани е заразен, сите членови на Старата дама, 121, се во домашна изолација и направиле тестови кои покажале дека токму Дибала е позитивен и заразен од својот соиграч. Додека сите од Јувентус се во изолација во Италија, Кристијано Роналдо домашната изолација ја поминува во родното место Мадеира во Португалија.

Португалецот најави дека нема да се врати во Торино затоа што тоа е многу поопасно место во моментов од кое било друго место во Португалија.

Домот на Кристијано во Мадеира е со отворен базен кој има поглед на океанот, а и во внатрешниот дел од куќата владее луксуз, па на првата ѕвезда на Јувентус нема да му биде тешко да го издржи периодот на самоизолација.

 

- Оглас -

Најнови вести