Кристијано Роналдо има сензационално барање до управата на Манчестер јунајтед!

Кристијано Роналдо доставил барање во управата на Манчестер јунајтед, во кое стои дека за нов тренер го посакува Луис Енрике.

Иако селекторот на шпанската репрезентација не е во изборот на кандидати за тренер на „црвените ѓаволи“, сепак, Португалецот верува во неговите квалитети.

Интересно е што Енрике ја водеше Барселона во периодот од 2014-2017 година, токму кога Роналдо настапуваше во Реал Мадрид, па затоа и ваквото барање изненади многумина.

Останува да се види како ќе реагира управата на Манчестер јунајтед која вчеравечер реши да го отпушти Оле Гунар Солскјер по серијата катастрофални резултати.

- Оглас -

Најнови вести