Кристијано Роналдо секој ден добива понуда за трансфер во Лил

Португалецот Жозе Фонте, кој игра за францускиот првак Лил, вели дека секојдневно му пишува пораки на Кристијано Роналдо и го кани да му се придружи во Лил, како противтежа на „дрим-тимот“ кој летово го состави нивниот конкурент Пари Сен Жермен. Фонте и Роналдо се блиски пријатели и соиграчи од националниот тим.

„Секој ден му пишувам дојди во Лил, и тој секогаш ми одговара истото. Неговиот одговор е: хахахаха“ – вели Фонте.

Фонте кој е 37-годишен дефанзивец, се чуди како може ПСЖ да не го прекршува финансискиот ферплеј, но играњето против таков супер тим со премногу ѕвезди, го гледа и како предизвик.

„Ако не примиме гол кога ќе играме против нападот Меси-Нејмар-Мбапе, ќе имам што да им раскажувам на внуците“ – вели Фонте.

- Оглас -

Најнови вести