Кристијано Роналдо сигурно нема да даде гол против Бреша!

Јувентус е огромен фаворит на дуелот кој го игра на својот стадион во Торино против Бреша. Старата дама загуби на два од последните три меча во Серија А, но никако не смее да си дозволи кикс против тим кој е во зоната за испаѓање и со голема веројатност ќе испадне во втора лига.

Предводник во нападот на Јувентус е Кристијано Роналдо кој погоди на последните 11 меча на кои играше. Роналдо постави и клупски рекорд со што стана првиот играч кој постигнал голови на 10 меча по ред во Серија А. Таа низа на Португалецот сигурно ќе сопре на мечот против Бреша. Тоа е така затоа што Роналдо воопшто нема да биде во составот за оваа средба.

Тренерот на Јуве, Маурисио сари реши Роналдо да го одмори од нови напори, а проценката е дека и без Португалецот на теренот, италијанскиот првак ќе стигне до потребните три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести