Екипата на Ал-Наср забележа нова победа во првенството на Саудиска Арабија, откако на гости го совлада составот на Ал-Вехда со 1-3. Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме, кога Талиска и Ал-Амри прецизно стрелаа во противничката мрежа.
Во второто полувреме погоди и Кристијано Роналдо за зголемување на водството на 0-3, што за него беше 350-ти гол на гостински терен во кариерата. Португалецот со ваквото постигнување запиша нов рекорд крај своето име.
До крајот на мечот домашните само намалија на 1-3 преку Анселмо.
❗️
Cristiano Ronaldo now has 350 AWAY GOALS in his career, MOST IN THE HISTORY. 🐐 pic.twitter.com/gsEnfaECqO
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) November 11, 2023