Кристијансунд станува како „град на духови“ кога игра Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед вечерва ќе гостува во Осло на пријателски меч против екипата на Кристијансунд. Ова ќе биде меч на најтрофејниот англиски клуб против клубот од местото од каде потекнува тренерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер.

Токму поради Солскјер, Манчестер јунајтед ќе игра контролен дуел против тимот од овој град. Фудбалерот е најпознат и најпопуларна личност од Кристијансунд, а поради неговото присуство во Манчестер јунајтед, сите жители на овој град навиваат за гигантот од „Олд Трафорд“.

Солскјер како играч ги помина најубавите години во Манчестер и беше херојот во освојувањето на европската титула во 1999 година. Повеќе од 20 години, целиот град навива за Црвените ѓаволи, а еуфоријата повторно се појави кога минатата година, Оле Гунар беше поставен за тренер.

Англиските медиуми направиле репортажа за градот и забележале дека кога игра Манчестер јунајтед, низ улиците речиси и да нема луѓе. Едноставно сите ги следат мечевите на англискиот тим. Градот има 25.000 жители, а вечерва се очекува најголемиот дел од нив да бидат на стадионот во Осло.

 

 

- Оглас -

Најнови вести