Обвинителството поднесе кривични пријави против неколку лица во Србија за непочитување на здравствените прописи, а меѓу оние на кои им се заканува затворска казна е и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Со тоа што доаѓа од ризичната Шпанија и користел ист базен со кошаркарот Треј Томпкинс, кој има Коронавирус, Јовиќ при доаѓањето во родната земја мораше во самоизолација, а не да се шета низ Белград и да оди на роденденска забава на девојка му Софија Милошевиќ.
Казната за Јовиќ може да биде парична (150.000 динари) или до три години затвор.
Полицијата била и во станот на Никола Нинковиќ, кој игра за италијанскиот Асколи, доаѓа од ризична област во која починаа 23 лица, но тој се бранел дека немал добиено упатство за самоизолација. Нинковиќ бил забележан по угостителски објекти, па добил предупредување дека ќе биде приведен доколку полицајците не го пронајдат кога ќе му заѕвонат на врата. Тоа важи и за Јовиќ.