Криза е – Интер му нуди попуст од 5 милиони евра на Баерн за Перишиќ

Интер ќе му даде попуст од 25 проценти на Баерн за Иван Перишиќ, кој би можело да продолжи да игра за германскиот гигант.

Баварците се задоволни од настапите на хрватскиот репрезентативец, кој моментно е на рехабилитација по повредата на глуждот, но не им се дава 20 милиони евра, колку што е отштетната клаузула во договорот со Интер.

Перишиќ игра како позајмен фудбалер во Баерн, а Интер сака да се реализира трансферот и според најавите во италијанските медиуми, е подготвен да ја намали цената за пет милиони евра.

Иван сезонава што моментно е во прекин поради Коронавирусот одигра 22 натпревари за Баерн, постигна пет гола и имаше 8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести