Крос беше „бос“ на мечот во Виго – Еврогол што ќе се памети (Видео)

Реал Мадрид почна со победа во новиот шпански шампионат, а шоуто го украде германскиот репрезентативец Тонис Крос со неверојатен гол против Селта во Виго во победата од 3:1.

Крос упати вистинска бомба од 30-на метри, а топката од пречката се одби зад грбот на голманот на домаќините Бланко. Гол што долго ќе се памети и со кој Реал Мадрид си ја запечати победата во Виго.

https://www.youtube.com/watch?v=cIyly9-OWPE

Претходно, Карим Бензема со гол во 12. минута по асистенцијата на Герет Бејл му донесе предност на кралскиот клуб. Реал немаше мака да ја продолжи импресивната серија против Селта, иако остана со играч помалку по исклучувањето на Лука Модриќ.

Хрватот направи груб фаул во 56. минута и доби директен црвен картон, а со играч помалку Реал постигна уште два гола и славеше со 3:1. Последниот за Реал беше дело на Лукас Васкез во 80. минута, а почесниот за Селта го постигна Лосада во последните моменти.

 

- Оглас -

Најнови вести