Крос: Грешка е што му дадоа на Катар да биде домаќин на Светско првенство

Ѕвездата на Реал Мадрид и германската репрезентација, Тони Крос, го критикуваше изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Според Крос, изборот на Катар е грешка. Проблемот на Катарците е загрозување на човековите права. Има информации дека 7.000 мигранти починале за време на изградбата на инфраструктурата потребна за СП.

„Сметам дека одлуката таму да се игра Мундијалот е грешно. Работниците со денови немаат одмор, додека температурата не се спушта под 50 степени тие немаат доволно вода за пиење“ – изјави Крос, кој додаде дека Катар не е фудбалска земја.

Освен Германците, се побунија и Норвежаните и Холанѓаните, со носење на маици пред секој меч.

- Оглас -

Најнови вести