Кроткиот Тухел збесна: Носете се и вие и ВАР…(Видео)

Томас Тухел важи за кроток човек, но комплетно загуби контрола и збесна во текот на мечот Пари Сен Жермен и Рен, иако неговиот тим од Париз славеше со 4-1.

Тухел се изнервира при една одлука на судијата да не го исклучи Нијанг, иако стартот беше за црвен картон, а притоа се проверуваше спорниот момент со помош на системот ВАР.

ВАР во такви ситуации се користи исклучиво за одлука дали има или нема црвен картон, а судијата му покажа жолт картон на Нијанг.

„Носете се и вие и земете го и тоа сра*е од ВАР“, викаше Тухел по судиите. Иако ПСЖ победи со 4-1, тренерот на „светците“ продолжи да реагира кон судиите и кога заврши мечот, во просторот под трибините.

Погледнете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести